Пајак со љубовна балада за Денот на вљубените (ВИДЕО)
После големиот хит „Бебе” која беше последното баладично издание од младиот и талентиран пејач, Пајак ни спреми нова исто така емотивна балада насловена „Срце”, која симболично се промовира на денот на вљубените (14 февруари) – Свети Валентин. Многу емоции во неговите стихови визуелизирани со прекрасен видео запис во кои ќе се пронајдат многумина.
Музиката и текстот се на Пајак, аранжманот на Иван Јованов – Ивајо и на СН Микс, мастеринг на Иван Јованов – Ивајо. Додека пак спотот е во режија на Гордан Божиновски. Се снимаше во вила во Маврово и околу Мавровското езеро. Во спотот како негова девојка се појавува прекрасниот модел, синооката Татјана Јанушева, за која Пајак нема многу од слободното време за да и се посвети и да и даде љубов онолку колку што заслужува.
Во продолжение новиот видео запис за „Срце” за која се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите негови песни кои за толку кратко време ги освоија срцата на младите, за кои говорат милионските прегледи на Јутутб.