Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Parkland Hospitality Group одбележа 5 години од своето постоење

Ви препорачуваме

Parkland Hospitality Group одбележа 5 години од своето постоење

Паркленд денес официјално го одбележа 5-тиот роденден од своето постоење, по саботната ексклузивна вечер во новата градина на ресторанот Four и низа интерни настани и активности, во присуство на тимот на вработени, гости, пријатели и соработници.

5 години Парк Хотел и Спа, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, 2 години од отварањето на Next door park хотел, под капата на Parkland Hospitality Group како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимска работа, една визија која ја дели целиот тим и успешното заедничко чекорење низ сите искушенија.  Семејство кое како што најавуваат сопствениците и менаџментот во блиска иднина ќе добие сосема нова зајакната корпоративна и структурна димензија, со цел уште повеќе да се зајакне квалитетот на работењето.

“Поминавме година на многу предизвици, изградивме многу нови мостови и темели, останавме доследни до тоа дека без континуирано надградување и инвестиции е невозможно да се одржи еден силен бренд и токму тоа и го направивме, затоа што нашите клиенти и гости го заслужуваат најдоброто. “-велат од менаџментот на Паркленд.

Она на што Паркленд посебно се осврнува со гордост е доследноста до мисијата за општествено одговорно работење. Пружена рака секогаш и секому кога тоа било потребно; на социјално загрозени категории, на најмладите, на заедницата…така ќе се продолжи и во иднина.  

“За изминатава година не врзуваат и убави и неубави мигови. Горд сум на моето семејство и на целиот тим што заеднички го постигнавме ова што го имаме денес. Со единственост, сплотеност, заедничка визија, решителност и пасија успеавме да го подигнеме нивото и стандардите на работење на компанијата на едно светско ниво. Во следниот период ќе се посветиме на поставување на нова корпорациска структура и култура, за уште поголема обединетост и квалитет во работењето”-посочи Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд.

Во ек на пандемијата и најголемите предизвици во изминатиов период, тимот на Паркленд интензивно работеше на поставување на “зелена” eco-friendly стратегија, издигнувајќи се како пример во заедницата за компанија која работи совесно и одговорно, која освен придобивки од безбедносен аспект во време на пандемија и дигитализирање на работењето, донесе низа придобивки благодарејќи на индивидуалната и колективна свест на нашите вработени, членови, гости и партнери.

Паркленд и во иднина ќе оди во чекор со потребите и побарувачките на гостите, со најава за нови амбициозни проекти за понатаму.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.