РАГУЗА: Задоволство и предизвик ни беше да готвиме за папата Франциск
Вкусна и квалитетна храна, ексклузивно уреден простор и пријатен амбиент со 360 степени поглед на главниот град Скопје е ресторанот за свадби и настани Рагуза360. Руфтопот е дел од брендот Рагуза кој подготвува настани за државни институции, дипломатски претставништва, компании како и ВИП приватни настани, свадби, родендени, крштевки.
„Да се гради бренд во угостителството во нашата земја цели 25 години потребна е посветеност и постојано инвестирање во иновативни технологии за храната, нови специјалитети и модерен внатрешен дизајн со пријатен амбиент за секоја пригода. Еден од предизвиците и задоволствата беше и моето готвење за папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од нашите приготвени специјалитети.“ вели Мирко Голомеиќ, сопственик и главен готвач во Рагуза.
Рагуза360 е современ ивент центар специфичен по својата локација и амбиент, уреден со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот.
„Кога го креиравме проектот Рагуза360 сакавме да направиме уникатно место за настани и свадби. Атрактивната локација, ентериерот и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга со сигурност создаваат комплетно уживање во вашиот најсвечен ден од животот.“ додаваат Перица и Гоце Голомеиќ, менаџери и споственици на ресторанот Рагуза360.
Под брендот Рагуза во моментов работат 4 објекти распространети низ градот Скопје: Рагуза360 во Центар, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк и Вила Рагуза на Водно.