СОВРШЕН ЛЕТЕН ДЕТОКС: Оваа напивка ќе ви го прочисти телото од токсини
Повеќето од нас во текот на карантинот уживавме во разни и честопати нездрави десерти. Сепак, дојде време да се излезе надвор, а многумина добија по некој килограм вишок.
Исто така, во нашиот организам неминовно се насобираат штетни материи кои доаѓаат од лошата исхрана, консумирањето алкохол, тутун, концентриран шеќер, од микроорганизми, како вируси и бактерии, но и како последица од загадената животна исхрана.
Токму затоа потребно е одвреме-навреме да му дадете одмор на телото од сите штетни агенси, да го прочистите и да ги зајакнете своите одбранбени механизми. Токму затоа, оваа освежувачка и вкусна детокс-напивка е идеална.
Сокот од морковите се преполни со бета каротен и витамин А, а покрај тоа и со витамин Б, К и калиум. Во комбинација со преостанатите супернамирници ќе добиете незаменлив детокс за целиот организам и за сите негови системи.