Ви препорачуваме
„Споделувај внимателно“ – Кампања на Телеком за заштита на децата на интернет
Со цел подигнување на свеста за важноста на заштитата на фотографиите и податоците на децата на интернет, Телеком ја лансираше интернационалната кампања #СподелувајВнимателно. Оваа иницијатива има за цел да укаже на опасностите од невнимателното споделување фотографии и видеа од деца, кои сè почесто се изложени на ризици како резултат на оваа практика.
Sharenting – Тренд кој носи ризици
Еден од главните акценти на кампањата е појавата позната како „sharenting“, термин што произлегува од зборовите „родител“ (parent) и „споделување“ (sharing). Sharenting се однесува на објавувањето фотографии или видеа од деца на социјалните медиуми од страна на родителите или блиските. Иако ова изгледа безопасно, експертите предупредуваат дека две третини од сите интернет кражби на идентитет до 2030 година ќе бидат резултат на ваквото невнимателно споделување.