Ви препорачуваме
Весело во „Еден на Еден“ со глумците од „Дајте музика“ и „Гласна куќа“ (ВИДЕО)
Атмосферата на снимање на шоуто „Еден на Еден“ со Жаре одамна не била толку весела. Во недела, од 18.30 на Канал 5, гости ќе бидат главните актери од детската серија „Дајте музика“, заедно со тинејџерите од серијата „Гласна куќа“.
Јован, Наташа, Филип, Кики, Саша и Тео ги раскажаа сите забавни случки од снимањето на серијата, а и тие самите имаа интересни прашања и предизвици за Жаре. Јован го покани заедно да изиграат оро, Саша му нацрта оригинален портрет, Филип направи специјален стрип со сите во студиото како супер-херои, Анастасија и Тео донесоа рачни изработки, а Кики облечена во кимоно покажа професионална ката. Ќе гледаме и интересно гитарско дуо со Филип и Јован.
Поголемите колеги на „Дајте музика“, тинејџерите од „Гласна куќа“, Кристина, Кристијан, Софија, Јована, Никола, Мина и Давид изглумија еден специјален скеч од серијата.
Одблиску, доживувањата со малите глумци ќе ги раскажат и Весна Бејби Петрушевска и Цаци Паковска. Најавата за емисијата повеќе ќе ни открие што ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.