„ВИВА“ ја промовираше новата платформа „Голтка среќа“ (ВИДЕО)
„Сподели среќа“ е првата порака со која домашниот бренд ВИВА деновиве ја промовираше својата нова платформа „Голтка среќа“.
Првото празнично видео ни ги стопли срцата и нѐ потсети дека миговите на среќа подолго траат во друштво на оние што најмногу ги сакаме.
Што е среќата ако не е момент споделен со најблиските? Спомен од мирисот на топлите колачиња на баба и чаша цеден сок од капина. Ладна боровница, по напорен работен ден или коктел сокче после забавна авантура. ВИВА со децении се прв избор, кога станува збор за изборот на полна чаша здравје.
„Големиот избор на ВИВА сокови е наменет за сите генерации, од мaлите дечиња до највозрасните, значи дека секој различен ВИВА сок, секоја негова голтка, за оној кој што ја пие претставува нешто различно и посебно. Но она што е заедничко кај сите нив е што таа голтка секогаш е голтка исполнета со нешто прекрасно и позитивно, односно секоја голтка ВИВА сок претставува ГОЛТКА СРЕЌА. “ – изјавија од маркетинг тимот на ВИВА.
Новата ВИВА платформа нѐ потсетува колку е важно да бидеме заедно со најблиските, да споделуваме мигови на среќа затоа што само тие се памтат и дека токму оние кои најмногу ни значат се нашата најголема поддршка за остварување на соништа.
Погледнете го најновото ВИВА видео во друштво на оние што најмногу ги сакате, наздравете со голтка среќа, сонувајте со отворени очи и замислете си ја и најневозможната желба затоа што таквите се остваруваат кога најсилно сакате.
Вива сокови како водечки бренд во Македонија, во категоријата природни овошни сокови, секогаш на пиедесталот го става квалитетот, додека со својата богата палета на вкусови ги следи тековните трендови за здрава исхрана, кои ги задоволуваат потребите на брзиот начин на живот. Природни и богати со витамини, ВИВА соковите се неизоставен дел од секоја трпеза. Чувари на здравјето и имунитетот во секој дел од денот.
Очекувајте го наскоро следното видео од серијата, а во меѓувреме продолжете да сонувате!