ВНИМАТЕЛНО НА СОНЦЕ: Заштитете го лицето и кожата од штетното УВ зрачење
Надвор УВ зрачењето е многу големо, па затоа е важно да ја заштитете кожата на лицето од штетните сончеви зрачења.
Кремот за сонце е составен дел од секој одмор, излет или било каква активност помината надвор, на сонце. Но дали ја заштитувате вашата кожа кога одите на кафе или ручек пауза со вашите пријатели, а сте изложени на сонце? Многумина од нас ги потценуваат последиците од штетното сончево зрачење, кое е активно дури и во сенка. Со овие едноставни совети ќе ја заштитите вашата кожа од предвремено стареење поттикнато од сонцето.
Дневен крем за лице со УВ заштита
Во многу дневни креми за лице, покрај хидратацијата, интегрирана е и УВ заштита, која ја штити кожата од стареење поттикнато од сончевите зрачења. Имате премногу масна кожа? Нема проблем: Дури и лесните матирачки креми имаат во себе интегрирана УВ заштита. Посебно практични се флуидите за сонце. Негувателниот и заштитен флуид се користи како дневен крем и е идеален и како основа за шминка.
Совет: Кремите за сонце штитат и од пигментациски флеки. При нанесување не ги заборавајте вратот и деколтето – несаканото стареење е речиси најзабележливо во овие предели.
Заштита од сонце во шминката
Комбинацијата на крем за сончање и шминка не е едноставна. Решението е во основите или во BB кремите со интегрирана УВ заштита. Овие ни даваат еден рамномерен изглед и ја штитат кожата од сонцето.