Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Време за пролетна детоксикација!

Ви препорачуваме

Време за пролетна детоксикација!

Време за пролетна детоксикација!

Детоксикација е чистење на организмот од токсини, тешки метали и вишок течности, кои се акумулираат и се внесуваат секојдневно во организмот преку храната, пијалоците, цигарите, алкохолот и лековите. Детоксикацијата на организмот ги ревитализира клетките и ја подобрува функцијата на органите. Детоксикацијата има позитивен ефект врз зголемувањето на енергијата, концентрацијата, менталниот капацитет, слабеењето, целулитот и кожата.

Пролетта и убавите сончеви денови, се идеално време за чистење на телото од токсините. Денес, кога се соочуваме со многу стрес, вируси, штетно зрачење и нездрава храна, детоксикација на телото е потребна повеќе од кога и да било.

Придржувајте се до овие совети најмалку 15 дена и “разбудете” го Вашето тело.

1.ИЗБЕГНУВАЈТЕ РАФИНИРАНА ХРАНА (БЕЛО БРАШНО, ШЕЌЕР, МАСЛА)
2.ИЗБЕГНУВАЈТЕ КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА
3.НЕ ПУШЕТЕ ЦИГАРИ И НЕ ПИЈТЕ АЛКОХОЛ
4.НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА МЕСО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
5.ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
6.ИЗБЕГНУВАЈТЕ КАФЕ
7.НЕ ЈАДЕТЕ МРСНА И ПРЖЕНА ХРАНА
8.ПИЈТЕ НАЈМАЛКУ 3Л ВОДА ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ
9.СПОРТУВАЈТЕ И ПЕШАЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО
10.ВКЛУЧЕТЕ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА ЗАСНОВАНИ НА ЗЕЛЕНИ АЛГИ, ТИНКТУРИ ОД БИЛКИ И ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ БИЛНИ ЧАЕВИ

Сè почесто нутриционистите велат дека не е неопходно да се подготвубаат специјални шејкови или да се придржувате до ригорозни диети за да направите детокс на Вашиот организам. Тајната на детоксот лежи во правилниот избор на храна и течности, и избегнување на нездравите намирници.

Направете двапати годишно детокс на Вашето тело, спречете ги несаканите болести и направете му “refresh” на Вашиот организам.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.