Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„ЗАИГРАЈ СО НАС“ – проект за физички и социо-емоционален развој на деца со атипичен развој

Ви препорачуваме

„ЗАИГРАЈ СО НАС“ – проект за физички и социо-емоционален развој на деца со атипичен развој

„ЗАИГРАЈ СО НАС“ – проект за физички и социо-емоционален развој на деца со атипичен развој

Во организација на Спортплан Македонија започнува нов проект „ЗАИГРАЈ СО НАС“ кој е наменет за деца со атипичен развој.

Проектот има за цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија на деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социо-емоционалниот развој преку друштвени игри. Во проектот се вклучени професионално обучени стручни лица од оваа област кои со безусловна љубов кон овие деца ќе им помогнат во достигнување на одредени цели за развојот на нивната целокупна психофизичка состојба.

Децата и младите со атипичен развој во секојдневниот живот за жал, многу често се запоставувани, а понекогаш и целосно исклучувани од физичките активности. Верувам дека тоа не се прави намерно, туку поради недоволното разбирање и откривање на способностите што ги поседуваат овие деца и млади. „ЗАИГРАЈ СО НАС“ е иницијатива што ќе им пружи можност на овие деца и млади да го покажат својот потенцијал, да промовираат вклучување во социјалниот живот и да отворат нови можности во сопствените животи.

– „Овој тип на активности се од големо значење за оваа категорија деца и млади, особено за градење на подобар и поквалитетен живот како и надминување на пречките со кои се соочуваат во секојдневието. Отпочнувањето нов, здрав начин на живот, активна социјализација, значи полесно вклопување во модерните текови на живеењето. Откривањето на сопствените потенцијали и капацитети, а воедно и нивна промоција во јавноста, ќе придонесат кон подигнување на свеста и промена на перцепциите како во рамките на целната група, така и во поширокото опкружување. Ова е извонредна можност преку спортот овие лица да бидат препознаени како активни чинители во општеството.“ – велат од организацијата.

Проектот започнува на 19. 10. 2020. г во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со два утврдени термина: понеделник 19:00 – 20:00 ч. и четврток од 20:00 – 21:00 часот. Според планот во понеделниците ќе се одвиваат вежби за: стимулација на физичкиот развој, координација, прецизност, брзина и рамнотежа, а во четвртоците се планирани вежби кои ќе се одвиваат преку друштвени игри насочени кон развивање на социо-емоционалниот развој.

Активностите ќе се одвиваат во отворена и слободна атмосфера, во темпо кое ќе го одредуваат самите деца, а стручниот тим и тренерите преку игра структурирано и насочено ќе работат на севкупниот развој и исполнување на целите одредени со програмата. За време на часовите ќе биде присутен и лекар. Групите ќе се формираат според возраста на децата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.