Занимливости
ВИДЕО: Има само 16 години, игра видео игри и стана милионер
Сумал Хасан Суад доаѓа од Пакистан. Тој има 16 година, ужива во видео игри и стана милионер. Како? Играјќи видео игри.
Имено, Сумал е член на екипата „Евил Гениус“, која на неодамна одржаниот меѓународен натпревар во видео игри го освои првото место и награда од 6,63 милиони долари.
Од вкупниот сума на Сумаил му припаднале 1,6 милиони долари, што е сосема добар „џепарлак“ за еден средношколец.
Изминатиов викенд најсилните „гејмерски“ екипи од целиот свет ги одмериија силите на натпреварот, а во финалето се најдоа „Евил Гениус“ и кинескиот тим ЦДЕЦ.
https://www.youtube.com/watch?v=1XnpFyabfn0