Видео
ВИДЕО: Кога тинејџер се обидува да биде „фраер“
Младите момчиња по правило сакаат да се докажуваат кога се наоѓаат во друштво, особено пред девојки.
Следејќи го овој принцип, еден млад Норвежанец сакал да покаже дека е „фраер“ пред една девојка, па решил својот алкохолен пијалак да го испие „на екс“.
Иако успеал во тој „подвиг“, неговиот план за докажување не се покажа како најдобар, бидејќи она што следувало потоа и не е нешто што би воодушевило некоја девојка.
Имено, младиот Норвежанец не можел да го поднесе пиењето на „толкаво количество алкохол“ одеднаш, па набрзо целиот испиен коктел и уште по нешто од неговиот желудник се најдоа по него и на подот.
Љубителите на „добрата капка“ знаат дека не е добро да се мешаат алкохолни пијалаци, но очигледно овој тинејџер треба уште да учи кога е во прашање алкохолот и „фраерлукот“.
https://www.youtube.com/watch?v=x-SNPYBcKHA