Ви препорачуваме
ВИДЕО: Приспивната песна на една самохрана мајка стана хит на социјалните мрежи
Приспивните песни изгледа не се само за деца. Оваа песна на социјалните мрежи ја преслушале 20 милиони луѓе!
Кимберли Хендерсон првото дете го родила кога имала 16 години. Сега има 26 и уште три деца, но и вистински музички хит.
Оваа самохрана мајка во декември 2014 година се снимила сама како и пее приспивна песна на нејзината едногодишна ќерка Веди и снимката ја објави на Фејсбук, а потоа и на Јутјуб.
Не претпоставувала колку таа снимка ќе им се допадне на толку многу луѓе. Имено за само седум дена нејзината снимка ја прегледале 20 милиони луѓе и тоа не е крај.
Пред неколку месеци Кимберли доживеа сообраќајна несреќа, а Веди преживеала благодарејќи на седиштето за бебиња. Производителите на таа столица ја контактираа и…
– Тие ми го платија патот во Лос Анџелес и сместувањето во хотел, за да го снимам мојот прв сингл. Многу се инспирани од мојата приказна, рече талентираната мајка.