Видео
ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ чита шеги на своја сметка
На видеосервисот ЈуТјуб објавено е кратко видео, во кое шведскиот репрезентативец и ѕвездата на француски ПСЖ Златан Ибрахимовиќ чита шали, кои се упатени на негова сметка.
Еве некои од нив:
– Златан еднаш бил на детектор за лаги. Уредот признал се.
– Златан еднаш убил два камена со една птица.
– Кога Марк Зукенберг го направил Фејсбук, веќе го чекало барање за пријателство од Златан.
– Златан не користи глувче, тој користи лав.
– Кога Златан бил дете, неговите родители спиеле во неговиот кревет кога биле уплашени.
– Кога Златан ќе дојде во вашата куќа, вие сте гостин.
– Името на таткото на Златан е Златан Јуниор.