Кавга во авион поради неправилно носење на маска – патничка нападнала стјуардеса и ѝ ги скршила забите
Американката Вивијен Квинонез била приведена од полицијата поради тоа физички нападнала стјуардеса за време на летот од Сакраменто до Сан Диего.
Како што велат сведоците на настанот, до пресметката дошло откако стјуардесата во Саутсвест Ерлајнс ја замолила патничката правилно да ја носи маската, како и сите останати патници, и да се придржува на правилата во авионот.
И покрај упорните обиди, во еден момент стјуардесата изгубила трпение и го зголемила тонот, на што Вивијен ѝ возвратила со неколку удари во лицето, со што и скршила два заба на стјуардесата.
Целиот напад го снимила 57-годишната Мишел Манер која се враќала од годишниот одмор.
– „Пет минути пред пресметката дошло до конфликт. Забележав врескање на две страни. Се расправаа околу правилно носење маска преку нос“ – рекла таа и додала дека веќе имала вклучена камера во моментот на нападот.