Видео
ВИДЕО: Ендру Тејт се враќа на социјалните мрежи откако беше пуштен од затвор во домашен притвор
Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт, кој беше пуштен од затвор во домашен притвор, предизвика внимание со неговата објава на Твитер.
Тој објави видео во кое може да се види како пуши цигара и се шета низ куќата облечен само во долниот дел од панталоните.
https://www.youtube.com/watch?v=pbbERLdIxDs
Во описот на објавата, тој го опишува неговиот период во затвор и пишува дека мора да го победи „Сатаната“.
Ендру Тејт, неговиот брат и две осомничени Романки беа уапсени во декември минатата година во Романија, но сепак, обвинението против нив сè уште не е покренато.