Земјотресот ги вознемири и животните во скопската зоолошка градина (ВИДЕО)
Земјотресот кој рано утринава ја разбуди Македонија, беше почувствуван и од животните во скопската зоолошка градина, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се слушаат нивните извици.
– „Гибоните се, малото бебе вика така. Во природа тоа им е како песна за одбрана од предатори“, објасни во еден од коменатрите портпаролката на Зоо Скопје, Тина Мицковска.
За разлика од човекот, се верува дека животните ги чувствуваат и таканаречените примарни бранови на потресите, кои 3 до 4 секунди им претходат на секундарните бранови, односно на ударот. Тогаш стануваат вознемирени, а чувството на страв претходи само неколку секунди пред потресот.
https://twitter.com/Sylvester_mk/status/1326376750381752322