Занимливости
Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми
Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми.
– Бевме во целосен шок кога лекарот ни рече дека бебето е тешко 7,1 килограм. За време на бременоста, докторите велеа дека тоа ќе има околу пет килограми, изјави таткото на новороденчето, Тран Ван Кван.
Бебето е хит на денот од насловните страници на виетнамскиот печат. Претходниот рекорд во земјата го држеше бебе родено 2008 година, со тежина од точно седум килограми.
Светскиот Гинисов рекорд пак, и натаму и припаѓа на Италијанката која во 1955. роди бебе тешко 10,2 килограми.