Ви препорачуваме
Вила вградена во планина во Швајцарија
На швајцарските Алпи се ноаѓа несекојдневна вила која е вградена во планината се цел да на ја нарушува природата што ја опкружува.
Вилата, во која се влегува преку еден стар амбар и подземен ходник, е со неверојатен изглед и дизјан. Таа има големи прозорци кои овоможуваат влез на доволно количество природна светлина во внатрешноста.
Предната тераса на вилата, која наликува на мал двор, има закривени ѕидови со што се создава впечаток на изолираност од околината.
Ентериерот на вилата претставува мешавина на стилови и дизјани, што на целата градба и дава посебен печат. Трпезаријата има долга дрвена маса со едноставни столици, над кои се поставени интересни лустери кои домнириаат во просторијата.
Дневната соба претствува комбинација на комфор и луксуз. Модерниот дизјан на ентериерот со црно-бела комбинација, сјае под природната светлина што влегува преку големите прозорци кои се протегаат од подот до таванот.
Кујната има бетонски ѕидови, а елементите во неа се изработени во мешавина на винтаж стилот, што заедно со лустерот кој наликува на свеќи, создава впечаток дека тоа е просторија од пред неколку векови. Сепак ваквата илузија ја нарушуваат неколкуте модерни додатоци.
Спалната соба има прекрасен таван во неоготски стил, што ја прави иделано место за одмор и опуштање.
Вилата е изградена во 2009 година, а неделен одмор во неа чини меѓу 1.750 и 3.450 евра во зависност од сезоната.