Занимливости
Винарија Камник го одбележа Св. Трифун со закројување на првата лоза
Со осветување на лозовите насади и благослови за лесна работа на лозарите и бериќетна година, по што беше закроена и првата лоза во Винарија Камник, беше обележан Св. Трифун, заштитникот на лозарите и лозовите насади.
Чинот на закројување во оваа винарија измина традиционално во кругот на семејството и вработените.
Закројувањето на лозите ќе продолжи на останатите лозови насади во сопственост на Винарија Камник, каде се одгледуваат новоразвиени клонови од модерни вински сорти на грозја кои се користат за производство на вина од светски ранг.