Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИСТИНСКИ ТРОПСКИ РАЈ: Ова се најубавите плажи на Тајланд

Магазин

ВИСТИНСКИ ТРОПСКИ РАЈ: Ова се најубавите плажи на Тајланд

Тајланд е една од најомилените светски дестинации за годишен одмор, уживање и сонце и фантастични плажи. Оние кои ќе одлучат таму да го минат одморот, ќе ги пречека бел песок и кристално чиста сина вода. 

Тајланд има повеќе од осум илјади километри долго крајбрежје, така што изборот навистина е голем. Фантастичните плажи им нудат на посетителите и многу места за забава, но и за спортски активности.

Рејлеј Бич, Краби

Оваа плажа е меѓу најпривлечните, има варовнички капри и е вистински хит меѓу оние кои бараат авантура. Посетителите можат да се качуваат и да посетуваат пештери, од каде можат да уживаат во поглед на море.

Сансет Бич, Кох Липе

Плажата го добила името по неверојатните зајдисонца и поради романтичната атмосфера. Гостите уживаат и во проштеките долж плажата во текот на вечерните часови, како и во храната, која ја подготвуваат локалните ресторани.

Андаман Бич, Кох Јум

Андаман нуди спектакуларни глетки и убави бунгалови, кои се сместени долж брегот. За пристап на оваа плажа туристите мораат да бидат гости на тамошното одморалиште, но е дефинитивно вредна за внимание, бидејќи претставува идилично засолниште далеку од градскиот метеж.

Санрајз Бич, Кох Липе

Оваа плажа е совршена за уживање на сонце, нуркање и релаксација во тиркизната вода. Ноќно време на неа се собираат луѓе и одржуваат забави карактеристични за Тајланд. Исто така науро туристите можат да уживаат во спектакуларниот изгрев на Сонцето.

Маја Беј, Кох Фи Фи

Плажата Маја Беј стана позната благодарение на Леонардо Дикаприо, кој во 2000 година таму го сними филмот „Плажа“. Составена е од бел песок и стрмни варовнички брда. Секогаш е преполна со туристи.

Клуаи Бич, Кох Кут

Станува збор за плажа богата со зеленило, која на Тајланд важи за едно од најмирните места за одмор, бидејќи туризмот е речиси неразвиен. Морето е кристално чисто, брегот песочен и карпест, така што оваа плажа е идеална за бегство од секојдневието.

Лонг Бич, Кох Ланта

Оние кои на Тајланд доаѓаат со деца не смеат да ја пропуштат плажата Лонг Бич, која нуди бројни активности и забавни содржини за деца, така што таму може да ужива цело семејство. Безбедноста е на високо ниво, а песочната плажа со златна боја се протега на километри. На туристите на располагање им се голем број ресторани и барови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.