Магазин
Внуката на кралицата Елизабета ќе го добие своето второ дете
Британското кралско семејство има причина да се радува откако изминатиот период се мачеше со откритијата од документарецот и мемоарите на принцот Хари и загубата на кралицата Елизабета Втора во септември минатата година.
Имено, Бакингемската палата објави дека принцезата Јуџин (32) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (36) го очекуваат своето второ дете.
„Принцезата Јуџин и Џек Бруксбанк со задоволство известуваат дека го очекуваат нивното второ дете ова лето. Семејството е воодушевено и Август со нетрпение очекува да стане поголем брат“, стои во соопштението за јавноста.
– Многу сме возбудени што можеме да ја споделиме веста за доаѓањето на нов член на нашето семејство ова лето – се огласи принцезата на Инстаграм. Таа позираше со едногодишниот син Август бакнувајќи го трудничкиот стомак.
Јуџин, најстарата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон, го роди нејзиниот прв син Август во февруари 2021 година. Инаку, Јуџин и Џек се заедно повеќе од 12 години, а се запознале во 2010 година во ски-центарот Вербие, место каде често престојуваат членовите на кралското семејство. Тие се венчаа во 2018 година во замокот Виндзор.