Занимливости
Во деветтата деценија од животот се препуштила на авантури
Русинката Јелена Јеркова одлучила на 90-годишна возраст да го промени својот живот од корен. Ја земала цела своја заштеда од пензијата и им се посветила на патувањата.
– Патувањата за мене се еден нов живот – нови луѓе и средби. Посебно ми е задоволство да гледам како луѓето се однесуваат едни кон други. Најважното нешто што го научив во животот е дека постојат исклучителни луѓе насекаде низ светот!, напиша старицата на својот Инстаграм профил.
Кина, Виетнам и Доминиканската Република биле меѓу првите земји во нејзиното патешествие, кое трае веќе седум години.