Ви препорачуваме
ВО ДУХОТ НА ПРАЗНИЦИТЕ: „All I Want for Christmas Is You“ повеќе не е најпопуларна божиќна песна
Нумерата „All I Want for Christmas Is You“ на Мараја Кери, која последниве 20 години постојано беше прогласувана за најпопуларна божиќна песна, годинава ја загуби оваа титула.
Хитот на Кери од 1994 година во кој таа вели дека за Божик не сака подароци, туку само својот љубен, годинава падна на второто место на најпопуларни божиќни песни, откако лидерката позиција и ја презеде нумерата „Wonderful Christmastime“ во преработка на групата „Шинс“.
Станува збор за песна чиј автор и оригинален изведувач е Пол Макартни, но сега е преработена од страна на бендот.
Овогодишната топ 10 листа на најпопуларни божиќни песни, што ја изработи „Плеј Нетворк“, изгледа вака:
1. „Wonderful Christmastime“ – Шинс
2. „All I Want For Christmas Is You“ – Мараја Кери
3. „Christmas Time“ – Кристина Агилера
4. „Christmas Wrapping“ – Вејтресес
5. „Someday At Christmas“ – Џек Џонсон
6. „Underneath The Tree“ – Кели Кларксон
7. „A Holly Jolly Christmas“ – Мајкл Бабл
8. „White Christmas“ – Бинг Крозби
9. „What Christmas Means To Me“ – Трејн
10. „Have Yourself A Merry Little Christmas“ – Ела Фицџералд.