Занимливости
Во храната треба да се ужива пополека
Српската актерка Јелена Гавриловиќ периодов ја очекува првата епизода од својот нов проект – серијата „Династијата Немањиќ“, па по тој повод даде и интервју за Б-92, во кое говори за себе и своите здрави навики.
– Виното ме асоцира на море, на дружење со музика. Во последно време повеќе сакам црвени вина, и мислам дека е и убаво и здраво секој ден да испиваме чаша црвено вино, смета глумицата.
Натаму, таа говори и за своето гурманство.
– Сакам различни кујни, иако пораснав со онаа традиционалната. Секако, сакам повремено да пробам и нешто од нашата домашна кујна, но сепак, француската ми е најблиска до мојот вкус. Не само поради самата храна, туку повеќе поради нивниот комплетен пристап и однос кон храната… Прочуениот француски ручек кој трае со часови, додава Гавриловиќ.
„Како што минуваат годините“, таа вели дека се повеќе се насочува кон здравите намирници и здравиот начин на подготвување храна…
– Медитеранската кујна секако спаѓа во умерена, здрава храна, со многу риба, а која инаку, многу ми годи, истакнува глумицата.