Занимливости
Во Хрватска за неисчистено возило од снег следува казна од околу 100 евра
Голем дел од Хрватска осамна денеска под снег што ќе паѓа и во текот на денот, а граѓаните се предупредени дека кој нема да го исчисти снегот од возилото ќе добие казна од 700 куни (околу 100 евра).
Освен што мора да имаат зимска опрема, возачите според Законот за безбедност на сообраќајот, се должни и да го исчистат својот автомобил од снегот.
На тие што нема да го направат тоа им се заканува казна од 700 куни ако управуваат возило на кое има снег и мраз.