Занимливости
ВО НОВАТА 2017 ГОДИНА: Хит дестинации за вашиот одмор идната година
За оние кои уште од сега размислуваат за годишниот одмор следната година, страницата LonelyPlanet.com објави топ дестинации, кои вредат да се посетат.
Оваа туристичка компанија објави листа со места кои треба да се посетат во 2017 година, на која предводи Канада, а по неа следи Колумбија. Најголема вредност има Непал, а можност за авантура ќе добиете со патување во Северен Велс.
Овогодишните експерти, кои ја составувале листата сметаат дека Канада е најдобра земја за посета следната година, благодарение на своите прекрасни пејсажи, љубезните домаќини, слабиот канадски долар и храната. Канада следната година го слави 150. роденден, со голем број настани предвидени за прославата.
Колумбија е на второ место благодарение на богатството на културата, природата и гостопримството. Експертите од LonelyPlanet.com велат дека во земјата со години имало граѓанска војна, која оставила богата историја.
Финска го зазеде третото место со серија случувања планирани за стогодишнината на земјата следната година, вклучувајќи концерти на отворено, кулинарски искуства и вечери со сауна.
Експертите препорачуваат и посета на Мачу Пикчу пред лансирањето на жичарницата Чогегирао.