Занимливости
Во пожар сериозно оштетен најстариот хотел во Англија
Во пожар во англискиот град Ексетер сериозно е оштетен хотелот „Ројал Кларенс“, изграден во 1769 година, кој се смета за најстар хотел во Англија.
Како што јавија британските медиуми, пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите друи утрово успеале целосно да го изгаснат огнот.
Историчарот од Универзитот во Ексетер, Тод Греј за Би-Би-Си изјави дека „Ројал Кларенс“, кој претходно се викал „Абод Екстер“, е првиот објект во Англија, кој официјакно е прогласен за хотел.
– Пред тоа постоеле само гостилници. Но, некои од нив го презеле новиот француски збор „хотел“ и почнале така да се нарекуваат. Во хотелите во тоа време престојувале оние кои сакале да покажат дека се од повиско ниво, вели Греј.