Занимливости
Во Русија по грешка регистриран првиот истополов брак
Геј двојка успеа да го регистрира својот брак во Русија, прв во руската историја, но Министерството за внатрешни работи тоа го објасни како „бирократска грешка“.
Русија не признава истополови бракови и има усвоено закон против „ширење геј пропаганда” меѓу малолетници. Па така, Павел Сточко и Јевгениј Војцеховски со својата изјава дека официјално стапиле во брак, предизвика бурни реакции во јавноста.
Двојката се венчала во Данска, и тие своите пасоши ги поднеле до канцеларија на руски матичар, каде службеникот без проблем им ставил печат со кој и потврдил дека се венчани.
Меѓутоа, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во меѓувреме нивните пасоши се повлечени, и дека службеникот кој ставил печат, ќе добие отказ.
Руската ЛГБТ Мрежа, која се залага за геј права, ја извести јавноста дека штотуку венчаните ја напуштиле Русија, поради страв за својата безбедност по притисокот на властите.