Занимливости
Во САД од шлепер испаднаа 22 тони монети
Камион шлепер со 22,5 тони недоизработени долари во монети се преврте на автопатот Интерстејт 95, по што сообраќајот беше запрен, бидејќи монетите испаднаа од возилото.
Возачот Стефан Маринковиќ (25) е во болницата во Чикаго со полесни повреди и ќе биде казнет за невнимателно возење.
Началникот на државната полиција на Делавер, Џефри Хејл изјави дека целиот товар со недоизработени монети се истурил на патот.
Хејл истакна дека големиот камион се првртел и запалил на крстосницата покрај местото Њу Касл.
Монетите кои биле на пат кон фабриката за изработка на монети во Филаделфија, се собрани и складирани додека не се договори транспортот, наведуваат властите.