Занимливости
Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии
Аргентинската полиција откри 219 змии во стан во центарот на Буенос Аирес, меѓу кои има питони и боа.
Змиите кои биле подготвени за продажба и покрај застрашувачкиот изглед, според експертите не преставувале опасност за локалните жители.
За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.