Магазин
„ВОГ“: Белград еден од културно најживите градови во Европа
Главниот град на Србија доби висока туристичка оценка и добри препораки од американското списание „Вог“. Градот се опишува како боженствен спој на сегашноста и минатото.
Влијателниот американски магазин „Вог“ објави листа на дестинации на Балканот, на кои туристите не им се многу познати, но се препорачуваат како приоритетни кога станува збро за патувања во следната година, а меѓу нив е и Белград, опишувајќи го како „еден од културно најживите градови во цела Европа“.
Ова познато списание наведува дека покрај познатите острови, повеќе убави приморски градови и живописните староградски улици и старата тврдини во Хрватска и Црна Гора на Балканот постојат и земји со импресивна природа и динамичен културен живот, кои, како што нагласува треба да се посетат, а конкретно се препорачуваат шест дестинации.
Главниот град на Србија се опишува каок „боженствен спој на минататото и сегашноста“, со повеќе од 200 сплавови на Дунав и Сава, стариот кварт Дорќол и модерниот Савамал, кој нуди уметнички галерии и културни центри.
На зелените пазари, се вели во статијата, секогаш може да се најдат свежи локални деликатеси, а во српскиот главен град има и богат избор на месни специјалитети на скара, локални вина и ракии.
Меѓу дестинациите на Балканот „Вог“ ги препорачува и Призрен, територијата на Херцеговина, Охрид, Трансилванија во Романија и албанскиот приморски град Химару.