Занимливости
Воспитувачка и подарила бубрег на своја ученичка
Американската воспитувачка на деца од предучилишна возраст, Бет Балиста и го спаси животот на својата болна ученичка со тоа што го донирала едниот бубрег, пренесува Би-Би-Си.
Воспитувачката, инаку мајка на две деца, одлучила да помогне откако мајката на детенцето на Фејсбук објавила дека на нејзината ќерка и е неопходна трансплантација. Таа во ниеден миг не се двоумела за тоа дали да помогне, доколку нејзиниот орган може да ја спаси малата Лејла. По тестирањата е утврдено дека учителката е соодветен донатор.
Операцијата е успешно изведена минатата седмица. Бет и Лејла успешно се опоравуваат од операцијата.
Лејла страда од редок вид автоимуна болест, поради што поминуваше 12 часа дневно на дијализа.