Занимливости
Вработените во авиокомпаниите открија осум тајни за својата работа
Секоја професија има свои тајни, па така и таа во врска со одржувањето и летањето авиони не е исклучок.
Сепак, вработените во авијација некогаш откриваат и нешто што не би требало, затоа порталот „Bright Side“ направи компилација на летачки „признанија“ и тајни.
Не се поправаат сите дефекти веднаш
Секако, немојте да помислите дека авионот полетува ако е загрозена безбедноста на патникот. Факт е дека пред секој лет детално се проверуваат многу работи, а ако постојат помали проблеми кои не влијаат на безбедноста, тие се поправаат при слетувањето, за да не се губи време со одложување на летовите.
Пилотот и копилотот јадат различна храна
Пред летот, пилотот и копилотот никогаш не земаат ист оброк. Причината е повеќе од едноставна – можно е труење со храна, а ако се отруе пилотот, важно е дека копилотот ќе биде здрав. Сепак, ова не го практикуваат сите авио компании.
Вистинската причина за забраната за пушење
Се мисли дека забраната за пушење е поврзана со безбедносни прашања, но тоа не е баш точно. Некогаш во авионите најнормално се пушело и тоа не претставувало никаков безбедносен проблем. Вистинската причина всушност е од економска природа, бидејќи воздухот во авионот константно филтрира, а чадот побрзо ги троши филтрите и останатата опрема.
Ве молиме исклучете ги мобилните телефони
Не, ако мобилните ги оставите вклучени, не може да дојде до никаква тешка несреќа, ниту ќе бидете виновни за пад на авионот. Сепак, може да доведе до пречки во прием на сигналот, така што пилотите можат да останат без важни информации од диспечерот. Некогаш и пилотите го занемаруваат ова правило.
Вработените и нивните семејства плаќаат поевтини карти
Да, да, многу авиокомпании на своите вработени и нивните семејства им нудат поевтини карти, а некогаш им даваат и бесплатни. Во принцип, се бара плаќање на таксите, а летот, сам по себе, е бесплатен.
Најдобро време за купување карти
Се верува дека доколку картата ја купите порано, толку е поевтина, но тоа не е сосема точно. Најевтино е картите да се купуваат во вторник, среда и сабота, кога се нудат по поповолни цени.
Бидете љубезни кон персоналот
Стјуардесите признаваат дека повеќе ќе се потрудат околу вас доколку сте љубезни. Така, ако убаво им објасните зошто не можете да седите до сопатникот, најверојатно ќе ви најдат некое друго место, а ако се одлучите на хистерија и безобразлук ќе останете таму каде што сте. Тоа се однесува и на храната и се друго.
Катанецот не го заштитува куферот
Ако куферот сте го заштитиле со катанец, треба да знаете дека тоа нема многу да ви помогне. Всушност, тие можат да се отворат со посебни отворачи, но често и со пенкало, така што непотребно е да го оштетувате куферот.