Магазин
ВРЕМЕ ЗА ПАТУВАЊЕ: Четири корисни совети за пакување без мака
Доколку тргнувате на летување, а не сакате да губите време стоејќи пред плакарот и мислејќи што да понесете и како да се спакувате, тогаш овие совети од американската дизајнерка Лиза Адамс може да ви помогнат за брзо и практично пакување.
Најпрво погледнете ја временската прогноза и водите сметка за планираните активност. Не е исто да патувате туристички или работно, но и дали имате планирани приеми или свечени вечери.
Извадете ја цела облека
Пакувајте се во просторија во која можете да ја извдите цела облека и да ги испланирате сите комбинации. Кога однапред ќе ги направите комбинациите, избегнувајте многу непотребна облека и претрупање на куферот. Секоја сложена комбинација потоа сликајте ја со мобилниот телефон за да го скратите времето за размислување во гардеробата кога сте на пат. Погрижете се да спакувате облека и која можете меѓусебно да ја комбинирате.
Наместо да диплите – свиткајте
Наместо диплење на облеката во куферот, по истиот принцип по кој тоа го правите за на полица, најдобро е да ги свиткате. Ако сакате да добиете повеќе простор, вака сложените работи компресирајте ги во вакумска ќеса за облека и вшмукајте го воздухот.
Козметика
Неколку дена пред патот спакувајте ја целата козметика во торбичка па почнете да ја користите додека се уште сте дома. Така брзо ќе видите што ви недостасува, често се тоа ситници, како на пример конец за заби. Се што сте заборавиле, а што вам ви е потребно дојдате го. Она што сте го спакувале, а сте го користеле, вратете го во куќата и немојте да го носите со вас.
Мирисна хартија
За да му дадете „луксуз“ на куферот ставете парче украсна мирисна хартија (онаа што се става на дното на фиоките во плакарот) или ќесичка од лаванда или еукалиптус. Така облеката ќе мириса како да е свежо перена. Ова е посебно корисно кај долгите патувања или оние на кои немаме можност да ја переме облеката.