Ви препорачуваме
За мирен сон чувајте лимони во спалната соба
Страдате од несоница, Ве мачат грижи, или пак, комарци Ви пречат мирно да спиете… Решението е просто – чувајте лимон во спалната соба.
Лимонот е природен антисептик, чијшто свеж мирис ќе Ве препороди преку ноќ. Го подобрува расположението, а и собата ќе биде природно свежа, за разлика од ефектот на вештачките освежувачи полни хемикалии.
За да го постигнеме тоа, потребно е секоја вечер, пред спиење, да пресечеме лимон на четвртинки во една чинија, да го посолиме и да го оставиме врз плакарот.