Занимливости
Замрзнете ги лимоните и откријте го новиот вкус!
Новите истражувања покажаа дека лимоноидите, природните споеви присутни во лимонот, го спречуваат развојот на ракот на градите.
Дали сте знаеле дека лимонот треба да се искористи цел? Ништо од него не смее да се фрли. И тоа не само поради здравствени причини, туку и поради неверојатниот вкус.
Едноставно е, земете органски лимон, измијте го и ставете го во замрзнувач.
Откако лимонот добро ќе се замрзне потребно е да го изрендате.
Потоа ставете го во сладолед, салата, супа или јадење по ваш избор.
Лимоновата кора содржи пет до 10 пати повеќе витамини отколку самиот сок од лимон.
Воедно помага и при ослободување на токсините од телото.