Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 работи кои треба да ги знаеш за сончањето

Занимливости

5 работи кои треба да ги знаеш за сончањето

5 работи кои треба да ги знаеш за сончањето

Летната нега на кожа не е само нанесување заштитен крем пред сончање. Исто така е и тоа што го правиш по денот поминат на плажа.

Научи како да бидеш безбеден додека си на сонце, но и по сончањето и направи твојот тен да изгледа здраво и прекрасно.

1. Места кои лесно се испуштаат

Најчесто се сончаме веднаш по појадокот, во најризичните часови помеѓу 11 и 15 часот. Сончевите зраци се најризични во овој период и можат да предизвикаат сериозна штета за кожата, која може да биде и долгорочна. Затоа, есенцијално е да се нанесува крема за сончање отприлика 15 минути пред сончањето и да се покрие целото тело. Не заборавај да нанесеш и дебел слој од заштитниот фактор на лицето, особено на носот, образите и ушите, а исто така и на зглобовите, слепоочниците и задната страна на вратот. На усните нанеси балсам со заштитен фактор. Внимавај на сите овие делови, бидејќи тие најчесто ги испуштаме.

2. Што е SPF/ЗФ?

Кожата е изложена на два типа на штетна радијација: УВБ и УВА. Првата може да предизвика изгореници на кожата што подоцна може да доведе до нејзино прерано стареење. На жолтите шишиња ќе пронајдеш знак SPF или ЗФ на македонски, што значи Sun Protection Factor или Заштитен Фактор, кој ја мери ефикасноста на кремот за сончање од УВБ зраците. Самиот број на заштитниот фактор помага да се пресмета приближната мерка време која личноста која го нанесува кремот може да остане изложена на сонце без да изгори. Колку бргу можеш да изгориш зависи од твојот тип на кожа. На пример, доколку имаш блед тен и можеш да изгориш од сонцето по само 10 минути доколку немаш нанесено крем за сочање, ЗФ 20 ќе ти обезбеди 200 минути заштита, што е нешто повеќе од 3 часа, така што тоа е едноставно мултиплицирање на времето за коешто можеш да изгориш без заштитен фактор. А што е со УВА зраците? Нивото на заштита од УВА зраците е индицирано со знакот РА (Protection Grade или Заштитно Ниво од УВА). Бројот на плусевите “+” до знакот РА го одредува нивото на заштита од сонце, при што 3 плуса значат многу високо ниво на заштита. Како и да е, без разлика колку е висока заштитата, запомни дека треба да нанесуваш крем за сончање на секои 2 часа, како и по капењето, бидејќи потта и водата можат да ја намалат ефикасноста на заштитниот фактор.

3. Кремот не е доволен

По нанесување на крем за сончање на целото тело, твојата коса и очи сè уште можат да бидат ранливи на штетната радијација. Од премногу сонце косата може да стане сува, кршлива и бледа. Запомни секогаш да носиш дополнителна заштита. Без разлика каков е твојот моден вкус, можеш да одбереш голем прекрасен шешир за сонце, удобна марама, капче, или пак шарен чадор за на плажа. Исто така, заштити ги и очите. Одбери очила за сонце со УВ400 филтер кој блокира од 99%-100% од штетната сончева и УВБ и УВА радијација. Изборот на рамки е твој.

4. Што по сончањето?

Колку што е важно да ја заштитиш кожата од сонцето во текот на денот, толку е и важна негата на кожа по сончањето. Сончевите зраци ја прават кожата сува и изнемоштена. Запомни да го хидрираш твојот тен и да го разладуваш. Тоа не само што ќе ти обезбеди смирувачка сензација, туку и ќе го потенцира изгледот на тенот. Одбери производи кои содржат витамини кои дополнително ќе ја потхрануваат кожата и ќе го одржат нејзиниот здрав изглед. Исто така, води сметка и за косата. Користи производи со кератин кои помагаат во хидрирање и реструктуирање на косата, ги третираат сувите врвови и создаваат бариера против високите температури при сончањето. Навечер нанесувај хидрантна маска, на пример со бразилски асаи бобинки, која ќе ја потхранува косата и ќе го врати нејзиниот природен сјај.

5. Продолжи го тенот

Не дозволувај летниот дух да си замине пребргу! Задржи го твојот прекрасен тен подолго и дозволи да те потсетува на безгрижните летни денови. Одбери засилувачи на тен збогатени со палмино масло, кокос и сончоглед, кои ќе го продолжат сончевиот сјај на кожата и ќе направат таа да изгледа здраво, истовремено одржувајќи ја хидрирана и мека. По сонцето, можеш да пробаш и светкави формули, или во креми или во спрејови. Одбери ги оние кои се полни со витамини А, Ц или Е или со пантенол, кои помагаат во регенерирање и смирување на кожата, истовремено давајќи ѝ златен сјај.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.