Занимливости
75 години бикини – незаменлив дел од секој летен одмор на дамите
Жените го обожуваат, а важи и за еден од најпопуларните костими за капење – бикини.
Нераскинливиот дел од секој летен одмор на дамите, бикинито, името го добило по остров во Тихиот океан.
Современото бикини, женски дводелен костим за капење, настанало во Франција, а за тоа е заслужен Луј Реар кој на почетокот на јули 1946 година, на модната ревија во Париз првпат го прикажал тој изум.
Најмалото бикини на Реар во тоа време бил светски скандал за кој пишувале весниците.