Занимливости
Банкрот поради скапо какао: Салцбург го губи ексклузивното право за куглите „Моцарт“
Австрискиот град Салцбург, познат како родното место на Моцарт, го загуби ексклузивното право да ги произведува легендарните чоколадни топчиња „Моцарткугел“ (Mozartkugel).
Причина за загубата
Фабриката која годишно произведуваше околу 57 милиони „Моцарткугли“ прогласи банкрот и ги затвори своите врати на крајот од минатата година. Како главна причина за банкротот се наведува значителното поскапување на какаото, клучна состојка за производството на овие познати чоколадни слатки.