Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

БИСПАГ: Октомври е месец за заштита од пожари, едукацијата важна за граѓаните

Занимливости

БИСПАГ: Октомври е месец за заштита од пожари, едукацијата важна за граѓаните

Сведоци бевме на сериозни пожари кои уништија шуми и домови, а беа загрозени и човечки животи изминатиот период во нашата држава. Октомври е светски месец за заштита од пожари, по тој повод се организираат бројни активности кои пред се треба да не научат како да ги спречиме пожарите, но и доколку дојде до оваа немилосрдна појава како правилно и брзо да интервенираме за да избегнеме поголема штета.

„Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој еден правен субјект, бидејќи претставува превентивно средство за лична безбедност. Важно е да се поседува како средство за почетно гасење на пожарот, како би се спречило понатамошно ширење, но исто така во случаи каде имаме пожар со правилна употреба на ПП апаратот и за трасирање на пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата која е зафатена со пожар“ вели Марија Кукуноска, менаџер во БИСПАГ Противпожарна Техника.

Употребата на ПП апаратот е многу едноставна, но секако потребно е да претходи обука за правилно користење со придржување кон упатството на производителот на ПП апаратот кое се наоѓа на секој апарат со шематски приказ за начинот на употреба како и векот на траење.

При употреба на ПП апаратот важен податок е дека векот на траење на еден ваков апарат е 20 години при што по изминување на овој даден рок на траење тој станува максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

„Според нашето досегашно искуство, многу мал број на граѓани поседуваат ПП апарат во својот дом, веројатно тоа е последица затоа што свеста за неговата потреба како и едукацијата за придобивките од поседување на ПП апаратот во својот дом се на многу ниско ниво. Сепак треба да запаметиме дека човечкиот живот нема цена, а еден ПП апарат за домаќинство чини околу 1.200 денари“ додаде Кукуноска.

Октомври како месец за заштита од пожари и безбедност во светски рамки е сублимат на сите активности кои би требало да се случуваат во текот на цела година, односно граѓаниете постојано да бидат информирани и едуцирани за правилна и навремена заштита од пожари.

„Активноста која ја интензивираме во овој месец е наречена „Старо за ново“ која има за цел подигнување на безбедноста на највисоко ниво, со што би ги замениле старите апарати кои се максимално небезбедни со нови. Нашата компанија ги презема старите ПП апарати, а клиентот може со доплата да си набави нов противпожарен апарат, со што ризикот од настанување на несакани дејствиа од стар ПП апарат, со изминат век на траење е отстранета“ рече Марија.

Тимот на компанија БИСПАГ Противпожарна Техника, дојде до решение на спој меѓу корисното и убавото што секогаш е добитна комбинација, па така наскоро за секој дом ќе бидат достапни ПП апарати во вид на уметничко дело, кои совршено би се вклопиле во секој дом, а истовремено во даден момент би го спасиле нашиот дом.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.