Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Богатата колекција веренички прстени на Џенифер Лопез

Занимливости

Богатата колекција веренички прстени на Џенифер Лопез

Богатата колекција веренички прстени на Џенифер Лопез

Низ Холивуд се шират гласини дека Бен Афлек повторно ќе ја побара нејзината рака за нејзиниот 52. роденден, па да се потсетиме на сите веренички прстени кои ги добила и кои сеуште ги поседува.

Џенифер Лопез (51) е една од најпознатите пејачки и глумици во Холивуд. На професионално ниво таа успева да игра, пее, глуми и продуцира, но кога станува збор за нејзиниот приватен живот, тука има многу да се зборува. Џеј Ло била запросувана 5 пати, а тоа значи 5 веренички прстени.

Оџани Ноа

Пејачката за првпат се верила на 28 години за сопственикот на ресторани Оџани Ноа. Тој ја запросил со дијамантски прстен во облик на крушка и неговата вредност била околу 100,000 долари. Парот по 10 месеци поминати во брак се разделил.

Крис Џад

Крис е нејзиниот втор сопруг кого го запознала на снимањето на спотот за нејзината песна „Love Don’t Cost a Thing“ во 2001 година. Танчерот ја побарал за жена со дијаманстки прстен со смарагд кој вредел неколку стотици илјади долари. Нивниот брак траел околу една година.

Бен Афлек

Познатиот глумец Бен Афлек, со кого и денеска е повторно во врска, ја побарал нејзината рака во 2002 година со прстен од 6,1 карат со розев дијамант. Со овој прстен таа го започнала трендот на камења во боја. Вредноста на прстенот се проценува на околу 1,2 милиони долари. Тие сепак не стигнале до олтарот бидејќи се разделиле некој ден пред венчавката.

Марк Ентони

Неколку месеци по раскинувањето со Афлек, Џенифер стапила во брак со Марк Ентони кој е татко на нејзините близнаци Ем и Макс. Марк ја запросил со дијамантски прстен од 8,5 карати кој е проценет на 4 милиони долари. Се венчале во 2004 година и нивниот брак траел 10 години, се до 2014.

Алекс Родригез

Ова е нејзината најскора веридба која се случи во 2019, но беше прекината во 2021. Алекс и Џенифер започнале да се забавуваат во 2017 година и тој ја запросил со 15 каратен дијаматски прстен, кој е проценет  од 1 до 5 милиони долари.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.