Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Цимерување во криза: Бред Пит не се туширал со денови, а живеел на макарони, цигари и пиво!

Занимливости

Цимерување во криза: Бред Пит не се туширал со денови, а живеел на макарони, цигари и пиво!

Неверојатно, но, Брендон од „Беверли Хилс 90210“ и Бред Пит, двајцата легендарни актери кои денеска се икони во светот на глумата, во минатото биле цимери во Лос Анџелес. Живеејќи во изнајмен стан во полош дел од градот, нивниот заеднички живот бил исполнет со смешни и интересни моменти.

Додека гостуваше на едно телевизиско шоу, Џејсон Пристли раскажа забавни анегдоти од времето кога биле цимери со Бред Пит. Имајќи го Пит како цимер, Пристли сподели дека имале искуство во играње на натпревар за издржување без туширање. „Одигравме натпревар за да видиме кој ќе издржи најдолго без туширање“, изјави актерот, со насмевка додавајќи: „Сега размислувам за тоа и си велам: Човеку, колку одвратно, на што воопшто размислувавме?“

На прашањето кој бил победник во овој необичен натпревар, Џејсон брзо и без длабоко размислување вели: „Бред, секогаш Бред. Мислам дека веќе не го прави тоа, но тогаш можеше да помине долго време без туширање.“

Споделувајќи ги нивните почетоци пред славата, актерот раскажа дека заедно со Пит живееле во лоши услови, живееле од макарони, пиво и цигари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.