ДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕ: Едно јајце дневно го намалува ризикот од срцев удар
Научниците од пекиншкиот универзитет во своето последно истражување потврдиле дека јајцата во исхраната се добри за човековото здравје.
Според истражувањето, конзумирање едно јајце дневно го намалува ризикот од срцев удар и болести на срцето.
Луѓето кои јадат едно јајце дневно имаат 25 отсто помала веројатност од срцев удар, во однос на оние кои поретко ги конзумираат. Исто така, оние кои просечно јадат пет јајца неделно имаат 12 отсто помала веројатност да заболат од срцеви болести.
Истражувањето е спроведено во Кина на примерок од повеќе од 400.000 здрави луѓе, на возраст од 30 до 79 години.
Оние кои јаделе најмалку едно јајце дневно, генерално имале помала шанса да заболат од кардиоваскуларни болести. Исто така, имале и 26 отсто помал ризик од срцев удар, како и 28 отсто помали шанси од него да умрат.
– „Јајцата се познати како богат извор на протеини, витамини, минерали и добри масни киселини, но тоа не значи дека треба значително да ја зголемиме количината јајца во исхраната. Важна е целокупната исхрана и животен стил, затоа што нереално е да се очекува само јајцата да направат разлика“, вели професорот по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот Шефилд Тим Чико.