Занимливости
Џаред Лето стана првиот човек кој се искачи на Емпајер Стејт Билдинг
Актерот и музичар Џаред Лето (51) стана првиот човек кој се искачи до врвот на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк. Тој одлучи да влезе во историјата за да го прослави почетокот на турнејата на неговиот бенд „Thirty Seconds To Mars“.
„Успеав, жив сум, стигнав до врвот. Само што зборував како ја видов мајка ми на прозорецот на 80-ти кат и тоа беше убаво изненадување“ – изјави Лето за емисијата „Today“ по искачувањето.
In 1933, King Kong climbed the Empire State Building.
In 2023, @JaredLeto took his place. pic.twitter.com/W0CTuZ6rQL
— Empire State Building (@EmpireStateBldg) November 9, 2023
„Неверојатно е да се гледа изгрејсонцето над град кој многу ми значи уште од детството. Њујорк е место каде доаѓате за да ги остварите вашите соништа. Како дете сакав да бидам уметник, а Њујорк беше место каде што се станува уметник. Емпајер Стејт Билдинг отсекогаш ми бил таков симбол. Како што можете да видите, беше голем предизвик“ – додаде тој.
Тој призна дека историското искачување било малку потешко отколку што очекувал.
„Искрено, бев повеќе возбуден отколку нервозен. Беше многу, многу тешко. Беше многу потешко отколку што мислев дека ќе биде“– изјави Лето.
Светската турнеја на бендот „Thirty Seconds to Mars“ треба да започне во Јужна Америка на 15 март. После тоа, бендот заминува во Европа и Северна Америка. Турнејата треба да заврши во Нов Зеланд на 19 септември.