Занимливости
Фановите на Тејлор Свифт го „срушија“ Google
Тејлор Свифт и нејзините обожаватели успеаја да го „срушат“ дури и Google.
Пејачката во соработка со „Google“ на своите обожаватели им претстави игра со зборови која мораа да ја играат за да ги дознаат имињата на нејзините досега необјавени песни кои ќе се најдат на албумот 1989 (Taylor’s Version). Според вокабуларот на Тејлор Свифт и нејзините фанови, всушност тие така треба да го отворат „сефот“. За да пристапат до играта, фановите морале да го пребаруваат нејзиното име и презиме на Google, по што ќе им се појавувале загатки за решавање. За Тејлор да ги открие насловите на песните, играта мора да се реши 33 милиони пати.
Секако, тоа предизвика бран на „гуглање“ со терминот „Тејлор Свифт“ со кој ни самата компанија не можеше да се справи, па страницата се „сруши“.
Swifties, the vault is jammed! But don't worry, there are no blank spaces inside. We're in our fix-it era and will be out of the woods soon ? https://t.co/2Ija1pbnnf
— Google (@Google) September 19, 2023
„Свифтис, сефот е полн. Ние сме во нашата ера на поправка и наскоро ќе бидеме „надвор од шумата“ (асоцијација со насловот на еден од хитовите на Тејлор Свифт)“, објави подоцна Google.
Откако пребарувачот повторно започна да работи, нејзините фанови успеаја да ги решат сите загатки и така го отворија сефот со песните чие имиња ги објави пејачката веднаш откако беше завршена играта.
Swifties, we made it out of the woods!
Bridges, built ✅
Codes, cracked ✅
Vault, opened ✅#1989TaylorsVersionVault pic.twitter.com/29FSZhzioi— Google (@Google) September 20, 2023
„Ох, успеавте. Го отклучивте сефот од „1989 (Taylor’s Version)“ и сега сум многу возбудена што можам да ги споделам имињата на новите песни од сефот со вас“, објави страницата.
Во видеото, зборовите полека се разоткриваа за да ги откријат насловите на песните: „Is It Over Now?”, „Now That We Don’t Talk”, „Say Don’t Go” и „Suburban Legends.”