Занимливости
Гледачите открија голема историска грешка во „Опенхајмер“
Филмот „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан го освои светот, а оние кои досега го виделе изгледа внимателно го разгледале секој детал. Тука особено се истакнаа љубителите на историјата.
Гледачите тврдат дека забележале грешка во сцената на победничкиот говор на Опенхајмер во 1945 година. Додека го одржува својот говор, зад него се гледаат американски знамиња. Гледачите пишуваат на социјалните мрежи дека знамето прикажано во филмот не било користено во САД до 1959 година – што е точно.
Имено, од 1912 до 1959 година, САД имаа знаме со 48 ѕвезди бидејќи Хаваи и Алјаска се уште не се сметаа за држави. Во 1959 година, Алјаска и Хаваи станаа сојузни држави на САД, па американското знаме беше сменето во она што го знаеме денес – со 50 ѕвезди.
Странските медиуми пишуваат дека ова е најголемата грешка и пропуст во филмот со оглед на тоа што се труди да биде историски точен од секој аспект. Од друга страна, некои гледачи мислат дека навистина треба многу добро да се знае историјата за да се забележи тоа бидејќи во спротивно никој не би обрнувал внимание.
„Тешко е да се забележи“, велат некои.
Инаку, се работи за биографски трилер за американскиот научник Џеј Роберт Опенхајмер и неговата улога во развојот на атомската бомба. Опенхајмер во филмот го игра Силијан Марфи, кој со својот тим се обидува да направи атомска бомба за конечно да стави крај на Втората светска војна. Заедно со Силијан Марфи, во филмот играат и Флоренс Пју, Емили Блант, Роберт Дауни Џуниор, Мет Дејмон, Кенет Брана, Рами Малек и Гери Олдман.