ХИТ НА ИНСТАГРАМ: Северина се спушти со зип-лајн на Плитвички езера (ВИДЕО)
Познатата хрватска пејачка Северина по одморот на Малдиви реши неколку дена да биде во друштво на својот најсакан – синот Александар, со кој уживаат во убавините на националниот парк Плитвички езера.
На нејзиниот инстаграм профил беше објавено навистина интересно видео на кое се гледа како Северина се впушта во авантура, спуштајќи се со зип-лајн, додека нејзиниот син ја бодри.
– „Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам прва“, вели Северина во видеото, додека малиот Александар и дава совети, бодрејќи ја да не се плаши со зборовите „Мамо, мамо држи се…“.
Особено интересен момент е кога Северина се спрема за оваа адрелинска авантура и уплашено се обраќа до инструкторот со зборовите: „Да не се превртам!“.