Занимливости
Хит серијата заврши пред 4 години, а сега 50.000 луѓе бараат нејзино враќање
Иако поминаа четири години од емитувањето на последната сезона, фановите сè уште не се откажаа од серијата „Mindhunter“, кој никогаш не ја доби својата некогаш најавувана трета сезона.
Оваа криминална серија е огромен хит на Нетфликс од 2017 година, а откако втората сезона доби неверојатно висока оценка од телевизиските критичари, малкумина можеа да претпостават дека тоа ќе биде последната сезона од оваа сакана серија.
Во јануари 2020 година, Нетфликс објави дека „материјалот за третата сезона на серијата е на неодредено чекање“ бидејќи продуцентот Дејвид Финчер одлучил да продолжи со други проекти и дека можеби „во одреден момент во иднина повторно ќе се позанимава со серијата“.
За жал на бројните фанови ширум светот, во февруари оваа година беше потврдено дека третата сезона на серијата никогаш нема да се случи, а Финчер тврди дека главната причина за тоа е намалениот интерес на публиката: „Многу сум горд на првите две сезони, но за жал не привлековме доволно голема публика за да ја оправдаме инвестицијата што ја бара уште една сезона“.
Иако Нетфликс официјално не ја коментираше оваа одлука, фановите се убедени дека „недоволниот интерес на публиката“ е сосема погрешен заклучок, поради што започнаа онлајн петиција во која ги повикуваат креаторите на серијата да ја вратат за уште една, последна сезона. Петицијата ја потпишаа повеќе од 50.000 луѓе.
„Не дозволувајте таквите брилијантни серии да умрат. Без сомнение знаеме дека „Mindhunter“ има потенцијал да биде најуспешната и популарна серија на Нетфликс некогаш направена, а фановите сè уште верно чекаат и веруваат дека ако не продолжите, барем завршете ја оваа голема приказна“, изјави Даун Брунер, автор на петицијата.
„Mindhunter“, чие дејство се одвива во 1970-тите, ги следи агентите на ФБИ Холден Форд (Џонатан Гроф) и Бил Тенч (Холт МекКалани) додека се обидуваат да навлезат во главите на развратните сериски убијци, силувачи и насилници.