Занимливости
ИНТЕРЕСНО ХОБИ НА КРИСТИЈАН СТАНКОВСКИ: Kартонски знаци кои ќе ве насмеат до солзи (ФОТО)
Лекот за тагата, стресот, секојдневните проблеми отсекогаш била насмевката.
И за да се опуштиме по напорен ден, не ни е потребно многу, доволно е само да ја погледнеме вистинската содржина и батериите се полни. „Бомба“ има токму таква содржина за сите вас. 29-годишниот Кристијан Станковски од Скопје, Аеродром својот Инстаграм профил го искористи за да шири шеги и смеа, во кои сите можеме да се пронајдеме.
Кристијан со прекар „Бомба“ има свој веб-сајт за организирање на свадби и секаков вид прослави, така што идејата со картонските знаци му доаѓа како хоби во овој хаотичен период.
Кристијан вели дека почитува добро ладно пиво, а ние ги почитуваме неговите знаци. За да дознаете повеќе за „Бомба“ заследете го на Инстаграм, а прочитајте и што ни кажа за себе и овој мал „проект“.
Што те инспирираше да започнеш да пишуваш картонски знаци?
„Профилот dudewithsign беше инспирацијата, а исто така и профилот bratsakartonom ми беше голема поддршка. Идеите доаѓаат од актуелните работи што се случуваат во нашава земја и глупостите што ги прават нашите политичари. Нека продолжат така барем да има нешто да нѐ насмее во ова сивило. Исто да не заборавам имам и еден другар што има многу добри идеи, со негова идеја и почна сето ова.“
Која порака сакаш да ја пренесеш преку знаците?
„Па само реалноста, тоа се картони кои ја зборуваат вистината што сите ја знаеме ама си молчиме и си шепотиме меѓу себе.“